| четврток, 6 декември 2018 |

Работници од аеродромот во Брисел им се придружиле на исламистите

Десетици вработени на аеродромот во Брисел им се придружиле на муџахедините во Сирија. Заминатите се европски граѓани со белгиско државјанство, објавија локалните медиуми.

sirija

Најголем број од луѓето што заминале во Сирија имале пристап до пистите на аеродромот и до самите авиони. Во последните месеци безбедносната служба на аеродромот на десетици вработени им ги одзела пропусниците со кои можеле да се движат низ аеродормот.

Според официјални податоци, од почетокот на војната во Сирија 350 белгиски државјани се борат против режимот на претседателот Башар ал Асад. Повеќе од 140 лица потекнуваат од Брисел или од предградијата.

Според податоци на белгиското обвинителство, околу 450 белгиски државјани се подготвуваат да им се придружат на исламистите во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top