| четврток, 6 декември 2018 |

Транспарентност БиХ: Институциите не им помогнаа на поплавените жители

Balkans floods claim dozens of lives

Граѓаните кои и се обратиле на невладината организација Транспарентност Босна и Херцеговина, како и теренското истражување во подрачјата зафатени од поплавите, укажуваат на непостоење на координираност меѓу босанските институции, на политизација при распределбата на помошта и на злоупотреби при проценките на штетите и доделувањето на помошта за поплавените жители во БиХ, јави Радио Слободна Европа.

Портпаролката на Транспарентност БиХ, Ивана Корајлиќ изјави дека пријавите на жителите и теренските анализи покажале дека инситуциите на речиси сите нивоа не биле подготвени да одговорат на потребите на граѓаните.

Презентирајќи ги резултатите од истражувањето за механизмите за распределба на помошта и за искуствата и пријавите на граѓаните од поплавените подрачја од јуни до септември, Корајлиќ прецизира дека Трансперентност БиХ примила повеќе од 500 повици на жители од различни делови на земјата, кои се сомневаат и се жалат на нерегуларности во распределбата на помошта.

– Укажано ни е на недостиг на координација меѓу институциите, кои меѓусебно се обвинуваа за политички опструкции, како и за политизација на целокупниот процес на распределба на средствата и помошта за поплавените подрчја преку меѓупартиски конфликти и упореба на помошта во предизборната кампања, наведе Корајлиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top