| четврток, 6 декември 2018 |

Радован Караџиќ: Не треба да бидам осуден!

Поранешниот водач на босанските Срби, Радован Караџиќ, во своите завршни зборови пред Хашкиот трибунал во кој тој е обвинет за воени злосторства, истакна дека не е виновен за планирање на злосторства, вклучувајќи и планирање на геноцид и дека не треба да биде осуден.

radovan-karadzic-624

Караџиќ е обвинет за планирање на геноцидот во Сребреница во 1995 година и во уште седум други босански општини во 1992 година, за прогон на несрпското население, за тероризирање на населението на Сараево кое во војната се наоѓало под опсада и за земање на мировници на ООН како заложници. 

Обвинителите побараа доживотна затворска казна за поранешниот водач на босанските Срби. 

Се очекува пресудата да биде изречена по завршување на презентацијата на завршните зборови, во текот на летото 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top