
Краткометражната анимација „Алерик“ на Вук Митевски ја освои главната награда „Вила“ за најдобар анимиран филм на филмскиот фестивал во Тузла, соопштија од продукцијата „Митевски“.
Филмот беше во конкуренција на уште 17 краткометражни анимации и тричленото жири во состав проф. д-р Срѓан Вукадиновиќ, Един Лониќ и Адмир Делиќ одлучи „Алерик“ да ја добие наградата за најдобар анимирран филм.
„Алерик“ е приказна за момче војник и неговите последни моменти пред смрт на бојното поле. Сценариото е на Теона Митевска, по идеја на Вук Митевски. Анимацијата е изработена во стоп анимација техника.
Филмот премиерата ја имаше на Сараевскиот филмски фестивал и досега ја претставувал Македонија на 20 светски фестивали. Влезе во две компилациски цд-ња посветени на претставување на најновата краткометражна и анимирана продукција во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


