| четврток, 6 декември 2018 |

Пилотите на Ирак по грешка хуманитарната помош ја дале на припадници на ИСИС

size0-army.mil-59503-2009-12-17-131256

Пилотите на Ирак по грешка хуманитарната помош ја доставиле на џихадистите на Исламската држава.

– Некои пилоти, наместо залихите да ги пуштат во подрачјето на војската на Ирак, тие ги спуштиле на реонот каде што контрола имаат милитантите на ИСИС. На војниците им беа потребни тие залихи, но поради лошо информирање и недостаток на искуство на пилотите, ние на еден начин им помогнавме на милитаните на ИСИС да ги убијат нашите војници -изјави Хаким Ал Зимили, член на одборот за одбрана и сигурност на ирачкиот парламент.

Ирачката војска потврди дека овој инцидент се случил, а како причина е наведено неискуство и младост на пилотите.

За овој инцидент е покрената и официјална истрага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top