| четврток, 6 декември 2018 |

Каспаров: Путин е опасна закана, тој игра покер додека другите играат шах

Шаховската легенда и опозиционер, Гари Каспаров, во интервју за „Јаху Њуз“  сака да ја убеди јавноста дека Владимир Путин претставува голема опасност за светскиот мир. 

gari kasparov

Тој исто така смета дека Путин ги убедува најблиските соработници и најбогати луѓе во Русија дека Западот прв ќе попушти: “Тој игра покер, додека сите други играат шах” – изјави Каспаров.

Според него, американскиот претседател Барак Обама задоцнил со својата реакција при руската анексија на Крим.

Каспаров верува дека санкциите за Русија ќе вродат со плод, но само доколку потраат најмалку до пролетта следната година. Убеден е дека Путин во зимата која доаѓа ќе ги искористи руските резерви на гас како закана, за на тој начин да ги укине санкциите кои и биле наметнати на Русија. 

Одговарајќи на прашање дали планира во иднина да се кандидира на избори во Русија тој вели:

– Заборавете на изборна смена на власта во Русија. Се плашам дека смената ќе се случи на сомнителен начин кој на крајот ќе доведе до целосен колапс на државата”.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top