– Поздравете ги душебрижниците и порачајте им да не се грижат. Добар сум и здрав и живеам еден нормален живот. Не се занимавам со никаков бизнис, зошто за бизнис се потребни пари, а јас немам никакви приходи. Некогаш, семејството Милошевиќ имаше многу пријатели, а ако има нешто позитивно во целава моја ситуација, тогаш тоа е фактот што се ослободив од подлизувачите – рекол во Марко Милошевиќ во интервјуто.
– Еден од нив се однесуваше и како Вук Бранковиќ пред шест векови. Го продадоа својот шеф, неговите идеи и својата чест и тоа се’ само за политички интерес. Таквите си ја продаваат верата за вечера. Тоа доволно зборува за какви всушност луѓе, ако воопшто може така да се наречат, станува збор. Сега околу себе и за свои пријатели ги имам само оние кои отсекогаш ги сметам за такви и кои ги посакував за пријатели. Нека ги хранат своите деца со сите тие пари за кои тврдат дека сме ги украле и сокриле, а се’ што ќе најдат јас ќе им го подарам. Единствена корист од тоа што татко ми беше Слободан Милошевиќ имав додека се занимавав со автомобилизам. Спонзорите самите се нудеа и се натпреваруваа кој ќе се рекламира преку мене. Дали тоа е криминал? Дали тоа е неморално? Да ја спроведеше мојот татко приватизацијата, како што тоа го направија после 2000-та година, би го обесиле на Теразије – вели Марко Милошевиќ.
Тој додал дека својот татко го смета за најдобар во светот.
– Родителите не ги бираме. Јас имав среќа. Мене татко ми е Слободан Милошевиќ, како татко, беше најдобар кого можев да го замислам и секако подобар отколку што заслужував. Нему му останува славата, а мене светите спомени и доживотна рана – вели Милошевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.