Српските медиуми објавија шокантни информации поврзани со убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ.
Според српски „Курир“, Марко Милошевиќ, синот на поранешниот претседател на Србија, плаќал дури пет милиони долари за ликвидација на премиерот. Сето ова се случувало по 5 октомври 2000 година кога Слободан Милошевиќ беше симнат од власт. Овие сознанија пред Специјалниот суд во Белград ги изнел Зоран Вукојевиќ Вук. Тој тврди дека Марко имал подготвено пари за атентатот на Гинѓиќ.
Вукојевиќ бил свирепо ликвидиран две години после сведочењето.
Тоа навистина и се случи во 2003 година, а како нарачател беше осуден Милорад Улемек Легија, а извршител Звездан Јовановиќ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.