| четврток, 6 декември 2018 |

Радован Караџиќ со завршен збор во Хаг

Поранешниот лидер на босанските срби Радован Караџиќ денеска пред Хашкиот трибунал се очекува да има завршен збор во процесот на кој му се суди за геноцид за време на војната во Босна и Херцеговина.
Караџиќ се соочува со единаесет обвинувања, вклучувајќи го и масакрот во Сребреница кога во јули 1995 година беа убиени над 7 илјади муслимански мажи и момчиња.
Обвинителството кое пред два дена го заврши случајот против Караџиќ побара максимална казна, односно доживотен затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top