| четврток, 6 декември 2018 |

Децата на Бетмен учат српски

Холивудскиот актер Кристијан Бејл кој се прослави со неговата улога како Бетмен не ја крие тајната дека Србислава – Силби Блажиќ (44) е столб на семејството. Додека јавноста озборуваше за тоа како актерот се почесто се кара со својата мајка Џени и сестрата Шерон, семејните несогласувања ги смирувала Сиби.

– Имам тежок карактер и брзо избувнувам, но Сиби секогаш ме враќа во ред. Таа е силна жена што не се оптоварува со глупостите што ги слуша за нас. Стабилна личност е и знае работите да ги врати на свое место – рече Бејл

Може да се рече дека Кристијан има подобри односи со семејството на неговата сопруга бидејќи на молба на неговиот дедо Слободан, неговата ќерка Емелин го учи српскиот јази, а и за Велигден фамилијарно одат во Црквата Свети Илија во Лос Анџелес.

Како што пишуваат американските портали, Бејл сака нивниот двомесечен син да го научи мајчиниот јазик на неговата мајка, и во домот на Бејлови честопати се пеат приспивни песни на српски јазик

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top