Пратеничката Билјана Казанџиска и кандидадот за градоначалник на Штип од СДСМ, Здравко Коцев, заработија кривични пријави поради инцидентот што го предизвикаа во Секторот за внатрешни работи во Штип.
Покрај Коцев, кој е првопријавен, и второпријавената Казанџиска, кривични пријави се поднесени за десет други лица што се обидоа насилно да влезат во полициската станица откако претходно истата група, протестирајќи пред Фондот за здравствено и пензиско осигурување, со синџир ја врзаа вратата неовозможувајќи им на граѓаните слободен влез и излез .
Кривичните пријави за Коцев и за Казанџиска се однесуваат на соизвршителство при спречување службено лице во вршење на службена должност и напад врз службено лице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.