Според информациите кои ги објави вчера Алфа , Македонија најверојатно ќе ја изгуби препораката од Европската комисија, поради бокјкотот на Парламентот од страна на СДСМ.
Денеска на Прес конференција Лидија Димова, претседателка на комисијата на СДСМ за евроинтеграции ја обвини власта дека таа е виновна за евентуалното губење на препораката и власта ја стави на тапет.Ниту еднаш Лидија Димова не спомена дека бојкотот на парламентот од страна на СДСМ е главната причина за тоа.
На прашањето на Дали сметате дека доколку Македонија ја изгуби препораката, тоа ќе биде шлаканица за власта, Лидија димова одговори:
-За жал шлаканицата нема да биде за власта, туку за сите граѓани на РМ и тоа ќе биде најмалата трагедија што власта ќе бида таа која ќе биде ставена на тапет- изјави Димова.
Повикувајќи се на дипломатски извори ТВ Алфа соопшти дека Македонија во оваа есен ќе остане без препораката за почнување преговори со Европската унија. Телевизијата објави дека се води голема битка во рамките на Комисијата, уште во нацрт-извештајот што во моментов се подготвува, да биде целосно повлечена препораката, која инаку Македонија ја добива пет години по ред. Причина, според дипломатите, сега не е само спорот со името и притисокот од Грција, туку тоа е цехот што ќе треба да го плати државата поради бојкот на опозицијата на Парламентот и целосното отсуство на политички дијалог.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


