Голем број верници и граѓани присуствуваа на одбележувањето на празникот посветен на маченичките Љубов, Вера Надеж и нивната мајка Софија кај истоимената црквичка во месноста Лагадин покрај Охридското Езеро.
По повод празникот се одржа литургија, се светеше вода и погача, по што, традиционално, граѓаните кои го носат името на светите маченички заеднички го прославија именденот наздравувајќи со чашка ракија и вино.
Традицијата на одбележување на празникот Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж во Лагадин започна во 2000 година, кога беше изградена малата црква од страна на охриѓанецот Љупчо Патче.
-Од година во година се повеќе се слави овој празник. Во Охрид секој камен е свет, не само ова место, туки целиот град од кај и да влезеш во него.-рече Љупчо Патче.
Секоја година ктиторот на црквата во Лагадин собраните средства од празникот ги донира во хуманитарни цели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Државниот инспекторат бара поништување на решението за градба на оспоруваниот хотел во Лагадин во Охрид
-
Клучот на исполнет и среќен живот е да научиме да простуваме и да сакаме
-
Детали за сообраќајката кај Лагадин во која го загуби животот 20 годишниот Тони Т. од Охрид
-
Двајца повредени во сообраќајка кај Лагадин