Македонскиот актер Тони Наумовски ќе настапи во улогата на кралицата Јокаста во претставата „Цар Едип“ од Софокле, која премиерно ќе биде изведена на 7 март во светскиот театар „Ла Мама“ во Њујорк. Овој театар е една од најмаркантните сценски куќи и место каде што своите кариери ги почнале актери како Ал Пачино и Роберт де Ниро.
Покрај актерското остварување, Наумовски во претставата се појавува и како музички директор, а со негова заслуга интегрален дел од оваа драма ќе биде и македонската музика.
Режијата е на Марк Гринфилд, а сценографијата е на Мајкл Касели.
Ова е петти настап на Наумовски на оваа театарска сцена и четврта соработка со режисерот Марк Гринфилд. Претходно Наумовски играл во старогрчките драми „Седум против Теба“, „Џејсон и Аргонаутите“ и „Персијанци“ за кои ја напишал и музиката. Претставата ќе се игра три недели на репертоарот на „Ла Мама“.
Тони Наумовски е роден во Сиднеј, Австралија, со потекло од позна музичка фамилија од Македонија. Дипломирал на еднa од најпознатите школи за глума во Европа, Националната акедемија за театар и филм во Софија, Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.