
Полицијата го привела осомничениот за напад со киселина на Сергеј Филин, уметничкиот директор на Балетот на театарот „Бољшој“, соопштила денеска руската полиција.
Директорот на Балетот, кој беше полеан со сулфурна киселина на 15 јануари годинава, сè уште се наоѓа на рехабилитација во Германија.
Осомничениот за нападот денеска бил испорачан на московската полиција и во тек е неговото сослушување. Истовремено се врши претрес на неговиот стан.
Полицијата не соопштува детали за приведениот, а портпаролката на театарот изјавила дека не ѝ е познато дали осомничениот е некој од вработените. Претходно постоеја сомневања дека нападот го извршил еден од поранешните балетски ѕвезди поради одмазда дека други играчи ги добиле главните улоги.
Самиот Филин во еден телевизиски настап рекол дека знае кој го наредил нападот, но не посочил ниту едно име.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


