Метаболизмот е од клучно значење кога станува збор за губење на тежината. Затоа не се препорачува човек да гладува, кога сака да се раздели со несаканите килограми.
Колку помалку храна примате, толку побавен станува вашиот метаболизам, и тоа го отежнува слабеењето. Од друга страна, брзиот метаболизам работи токму во посакуваната насока – губење на тежината.
Затоа, ако сакате да го засилите својот метаболизам уште од утрото, дознајте што треба да направите:
1. Вежбајте. Утринскиот тренинг не дава само виталност. Тој помага и за забрзување на метаболизмот – според истражувањата поефективни се утринските тренинзи од кое и да е друго време од денот. П, разбудете се со насмевка и почнете го денот со неколку вежби.
2. Додадете интензитет. Според неодамнешна студија, интензивниот тренинг за 2 и пол минути може да доведе до побрзо согорување на калории во текот на целиот ден – до вкупно 200 калории повеќе.
3. Не одложувајте го појадокот. Никогаш не треба да го пропуштите појадокот, бидејќи утринската исхрана помага да го задржите брз својот метаболизам. Јадете доволно калоричен појадок малку откако ќе станете за да има вашето тело енергија за целото утро.
4. Направете ужина меѓу појадокот и ручекот. Не грижете се – сосема можно е да се храните во средните часови и, сепак, да ослабнете. Најважно е храната што ја јадете да биде здрава и заситувачка. Најдобрите опции се да се одлучите за антиоксиданти и протеини кои можат да му дадат дополнителен поттик на вашиот метаболизам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.