| четврток, 6 декември 2018 |

Група Сиријци фатени кај Блаце

Полициски службеници од полициската станица за надзор на државната граница вчера имале нова успешна акција

 

Полицајците од полициската станица на граничниот премин „Блаце“ синоќа околу 23 часот спречиле шверцување емигранти.

Групата од 10 Сиријци и двајца возачи од Скопје  била фатена откако вчера пред полноќ пристигнале со две возила во селото Долно Блаце а оттаму сакале илегално да ја минат границата кон Косово.

Против сите 12 уапсени се поднесени кривични пријави за шверц на емигранти. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top