| четврток, 6 декември 2018 |

Зидан пред отказ од Реал Мадрид Б

Зинедин Зидан иконата на Реал Мадрид би можел да заработи отказ од местото прв тренер на резервниот тим, Реал Мадрид Б.
Откако минатата година испадна од втората шпанска лига „Секунда“ управата на кралскиот клуб го именува токму Зидан за прв тренер на оваа екипа. Тој минатата година му беше помошник на Карло Анчелоти во првит тим и заедно ја освоија десетата титула во Лигата на шампионите во Европа. Желбата на Зидан беше оваа сезона да се обиде како прв тренер на некоја екипа, па затоа беше поврзуван со враќање во Франција за да го преземе местото прв човек на клупата на Бордо или Монако. Сепак тој одлучи да го води вториот тим кој како третолигаш има катастрофални резултати. По шест кола Реал Мадрид Б има освоено само три бода, односно само една победа и пет порази. Иако пред почетокот на сезоната аспирациите на управата на „кралскиот“ клуб беа експресно да е вратат во втората лига, тоа ќе оди малку потешко.
Челниците на клубот сериозно размислуваат да му врачат отказ бидејќи веруваат дека тимот има квалитет за еден ранг на натпреварување како што е третата лига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top