| четврток, 6 декември 2018 |

Наскоро ќе добиеме роаминг по цена на домашната тарифа

цена

Цените за услугите во роаминг за една минута разговор ќе паднат за околу пет пати пониско од сегашната. Тоа значи дека една минута разговор ќе не чини 19 евроценти, или 11 денари, за еден СМС во роаминг цената треба да биде околу три пати помала од сегашната, односно 6 евроценти или 3,5 денари, а цената за еден MB интернет ќе биде до 33 пати помала од сегашната, односно 20 евроценти или 12 денари. Ова е содржано во Спогодба за роаминг помеѓу Република Македонија, Република Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, потпишана денеска во Будва, Црна Гора во рамки на фестивалот за технологии, информации и комуникации „Инфофест“.

Претставниците на Република Албанија изјавија дека и тие сакаат да се приклучат на оваа спогодба веднаш штом ја завршат процедурата на одобрување во нивната влада. Интерес за оваа спогодба изјавија и претставниците на Република Косово кои набрзо ќе започнат постапка за приклучување на оваа спогодба во нивната влада.

Оваа спогодба е многу значајна за сите граѓани од земјите во регионот затоа што ќе придонесе до многу помали трошоци за користење на услугите во роаминг. Исто така оваа спогодба е од големо значење и за операторите од државите потписнички затоа што намалувањето на цените за роаминг услугите ќе доведе до зголемување на количината на сообраќај во нивните мрежи, особено во користењето на мобилен интернет во роаминг, што ќе значи поголема економија на обем, а со тоа и поголеми шанси за приходи.

Агенцијата за електронски комуникации смета дека од оваа спогодба придобивки ќе имаат сите граѓани, компании и оператори на земјите потписнички и заради тоа во иднина со цел да има уште поголемо значење ќе поканиме и останати земји од регионот и пошироко да се придружат на оваа иницијатива – велат за „Република“ од АЕК.

Граѓаните на ЕУ од 1 јули годинава плаќаат за половина помала цена за услугите за роаминг, отколку претходно и таа одлука за дозволени роаминг тарифи е чекор кон конечно укинување на тој вид на услуги, а најкасно до крајот на 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top