| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал: министер ѝ праќал непристојни фотографии на млада русокоса

sofi

Владата на британскиот премиер Дејвид Камерон ја тресе секс-скандал поради тоа што неговиот министер за цивилно општество Брукс Њумарк (56) поднел неотповиклива оставка. Њумарк влетал во замка на репортерот на „Сандеј мирор“, кој преку интернет му се претставил како млада партиска активистка, со која по краток разговор за тенис и за политика преминал на размена на сексуално експлицитни фотографии.

Наводно, самиот министер почнал приватна комуникација со репортерот, кој на „Твитер“ отворил профил под лажно име Софи Витамс. Во описот на профилот стоело дека Софи е лице за односи со јавноста која работи за Конзервативната партија и дека е русокоса и има 20 и нешто години.

Во текот на разговорот, Њуман, татко на пет деца, ѝ испратил на Софи фотографија од себе облечен во пижама додека го покажува половиот орган.

– Мораш да се заколнеш дека нема да ја покажеш фотографијата на никого затоа што и јас ветувам дека нема да ги покажам твоите. Ок? – напишал министерот во една од пораките. Во другите пораки тој ѝ кажувал во какви пози да се слика за него. Во текот на викендот, репортерот кој лажно се претставувал му испратил СМС сомнувајќи можен состанок. Откако редакцијата на „Сандеј мирор“ го известила премиерот дека планира да ја објави приказната, настанала паника во кабинетот на Камерон, по што Њумарк веднаш поднел оставка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top