| четврток, 6 декември 2018 |

Ликвидиран шефот на подземјето во Крушевац

518559_hronikakrusevac01-goran-obradovic-susa-levo-na-slici-celavi-sa-krstom_fШефот на криминалниот клан во Крушевац, Горан Обрадовиќ Суша (37), е убиен ноќеска околу 2 часот со неколку истрели од пиштол пред зградата во која живеел.

Откако бил изрешетан, убиецот истрелал уште еден куршум во тилот. Според српските медиуми, Обрадовиќ до зградата во која имал стан стигнал со такси. Потоа тргнал кон влезот на зградата, каде што го пречекал убиецот.

– Немал шанси да преживее затоа што е погоден со 7-8 куршуми. Имаше рани на вратот и во телото. Куршумот му минал низ ‘рбетот – вели извор од истрагата за „Блиц“.

Во последните неколку месеци шефот на подземјето во Крушевац се превезувал главно со такси или го возеле пријатели. Соседите од зградата и од околните куќи велат дека ништо не чуле, додека некои помисиле дека деца фрлаат петарди.

– Обадовиќ со многумина се замерил во последно време и бил склон кон насилничко однесување. Списокот на тие што имале причина да го ликвидираат е голем. Се занимавал со рекет, а многу пари вложил во недвижнини. Само во последните неколку месеци купил повеќе од 60 недвижнини во Крушевац. Многу се коцкал, па се зборува и дека имал големи долгови – вели истиот извор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top