Судењето од случајот „Монструм“, за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, денеска продолжи без првообвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои завчера беа уапсени на Косово.
Судијата на почетокот на денешното рочиште ги прочита првообвинетите како лица во бегство. Во меѓувреме, пак, во министерствата за правда на Македонија и на Косово во тек е екстрадициската постапка.
На почетокот на денешното рочиште во Основен суд – Скопје 1, судијата го одби барањето на бранителите мобилните телефони на обвинетите да им се дадат во судницата за да имаат увид во телефонските именици. Судијата рече дека телефоните подлежат на форензичко-информатичко вештање, па тие извештаи ќе бидат земени предвид во понатамошната доказна постапка.
Случајот продолжи со изведување докази од посебни доказни мерки, односно од прислушувани телефонски разговори поради што, според законот, јавноста, односно медиумите, беше отстранета од судницата.
Доказите за посебните истражни мерки ќе бидат изведувани и нa следното судско рочиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Откриена ДНК од четири лица во „омегата“ кај Смилковското Езеро
-
Скандал во македонското судство: Судот закажа 37 рочишта за уметниците, а за убијците на 5 лица само едно
-
Заштиениот сведок препозна неколкумина обвинети за „Монструм“
-
Се служите со истите финти како и претходниот судија – семејствата на убиените бурно реагираа на одложувањето на рочиштето на „Монструм“