| четврток, 6 декември 2018 |

Aтали: Нема веќе зошто НАТО да постои

НАТО веќе нема оправдување за своето постоење бидејќи веќе го нема Варшавскиот пакт, вели Жак Атали, долгогодишен советник на францускиот претседател Франсоа Митеран и основач на ЕБРД.

– Почнувањето на Студената војна е огромна грешка, нема веќе оправдување за постоењето на НАТО. Потребен е сојуз на демократски држави против тероризмот. Потребно е да се трансформира во сојуз на демократски држави против тероризмот, а тоа не е исто, вели тој во интервју за Политика.

Атали истакнува дека против тероризмот треба да се бори со сите средства и според него, подобро би било да не се создаделе услови тероризмот во вид на Исламска држава да се појави.

– Требаше да се задржи таа војска која е организирана, а не да се уништи, тоа беше огромна грешка, вели тој укажувајќи дека во неа се генерали и офицери од времето на Садам Хусеин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top