Владата со сет мерки излезе во пресрет на одгледувачите на добиток по ширењето на болеста син јазик.
Покрај сетот мерки што се однесува на финансиско ослободување како што се надоместокот за пашарина, како и нескратувањето на субвенциите за бројот на угинати овци и кози, заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски за Република посочува дека 330 стручни лица на терен ќе ги посетуваат сите одгледувачници секојдневно.
– За сега нема точна проценка на штетите од син јазик, таа ќе се направи следниот месец. Тоа што сега е најбитно е сточарите да го исчистат објектите од ѓубрето за да може да се изврши дезинфекција. Истовремено ќе се врши и терестријална дезинфекција околу објектите и местата на движење на стоката. Стручни екипи ќе ги премачкуваат грлата со течност која ќе ги одбива мушичките кои се пренесувачи на болеста. затоа сега е многу важно да се подготви теренот за успешно справување со ширењето на болеста- вели Ванчо Костадиновски .
Син јазик вирусот се пренесе во сите региони во земјата, на долг рок ќе влијае врз количеството ма млеко и производството на јагниња.
Досега се заболени околу 30.000 животни од кои 7.000 се угинати.
Заради болеста беа затворени неколку добиточни пазари, но тие полека повторно добиваат дозвола за работа. Костадиносвки вели дека мушичките пренесувачи не се отпорни на студ, па се очекува заладувањето на времето да помогне во справувањето со болеста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Овци пасат среде градски парк во Скопје (галерија)
-
Костадиновски: СДС покажа дека не се грижи за земјоделците, односот на министерството и владата кон производителите на лубеници е понижувачки
-
ИСИС увезува овци за секс
-
Костадиновски: Помошта која земјоделците ја добиваа од Владата на ВМРО ДПМНЕ реши многу проблеми


