| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Нема да дозволиме граѓаните да бидат уценувани

DSC_1762

Владата и понатаму ќе се труди да отпочне дијалог со опозицијата. Ова го најави премиерот Никола Груевски во своето обраќање по повод отчетот за 100  дена влада. Тој нагласи дека ќе направат обиди дијалогот да отпочне и да биде на принципиелна основа како што тоа досега го правеле.

-Никако нема да дозволиме граѓаните и нивната слободно изразена волја да бидат уценувани или да се создаваат преседани кои ќе воведат понатаму во лоши практики и ќе ја срушат смислата на слободно дадениот глас и поддршката на некоја политичка опција, рече Груевски.

Во однос на предизвиците, премиерот посочи дека постојат во повеќе полиња и оти владините претставници се потполно свесни за нив.

– Судството, медиумската област, јакнењето на слободата на изразување се полиња чии демократски капацитети сакаме да ги зајакнуваме и понатаму. Онаму каде можеме директно придонесуваме, онаму каде што не можеме директно сите конструктивни забелешки ги адресираме до надлежните инстанци, рече Груевски.

За Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ стратешки приоротет остануваат евроатлантските интеграции, членството во НАТО на кој се работи и покрај пречката со долгогодишниот спор за името со Грција.

-Македонија е псоветена на унапредување и позитивен равој во однос на ЕУ агендата. Наш фокус останаа реформите поврзани со ЕУ агендата, Македонија продолжува со овие реформи и со сите предности кои што ги дава ХЛАД механизмот. Посветени сме на реформите во правосудството, реформата на јавната администрација, подобрување на севкупната економска состојба, воспоставување на професионални стандар, како пет приоритетни области во процесот на европската интеграција, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top