
Малолетниот Ејнџел Санчез Зентено во напуштен стан во тексашкиот град Далас брутално ја силувал, а потоа и задавал и со маичка ја обесил во плакар својата петгодишна роднина Катерина Гонзалес.
17-годишниот монструм отпрвин тврдел дека не го убил девојчето, туку дека двајцата ги грабнал маж по име Карлос и дека тој ја убил Катерина. Меѓутоа подоцна признал дека морал да го силува детето и удави бидејќи наводно тоа го побарал Карлос од него.
Сепак Сведокот Фреди Вошингтон тврди дека видел како Ејнџел сам со девјчето влегува во напуштениот стан, а полицијата утврди дека не постои никаков Карлос, кој на било кој начин би можел да се поврзе со злосторството.
Инаку Ејнџел во САД со родителите престојувал илегално, и ја чувал малечката роднина додека нејзините татко и мајка биле на работа. Се верува дека за монструозниот акт нема да биде осуден на смрт или доживотна робија зошто нема 18 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


