| четврток, 6 декември 2018 |

Велика Британија ќе ја бомбардира Исламската држава во Ирак

Houses of Parliament and Environs

Британскиот Парламент денеска им дозволи на националните вооружените сили да нападнат позиции на Исламска држава во Ирак. Долниот дом на британскиот Парламент ги одобри нападите со 524 гласови „за“ и 43 „против“.

Пратениците од Долниот дом се на одмор, но присуствуваа на вонредната седница што ја свика премиерот Дејвид Камерон, по официјалното барање на ирачката Влада.
Велика Британија, како и Франција, ќе учествува во воздушните напади само во Ирак, но не и во Сирија. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top