
Британскиот Парламент денеска им дозволи на националните вооружените сили да нападнат позиции на Исламска држава во Ирак. Долниот дом на британскиот Парламент ги одобри нападите со 524 гласови „за“ и 43 „против“.
Пратениците од Долниот дом се на одмор, но присуствуваа на вонредната седница што ја свика премиерот Дејвид Камерон, по официјалното барање на ирачката Влада.
Велика Британија, како и Франција, ќе учествува во воздушните напади само во Ирак, но не и во Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


