| четврток, 6 декември 2018 |

Кијану Ривс има проблем со обожавателките

Два дена откако популарниот глумец Кијану Ривс затекнал непозната жена во неговата книжарница, сега во неговиот дом провалила уште една „збудалена“ обожавателка, која целосно гола прошетала низ куќата бидејќи куќните помошнички на актерот случајно ја оставиле влезната врата отворена.

Инцидентот се случил на 14 септември кога актерот не бил во домот. Непоканетата гостинка прво се истуширала во неговата бања, по што ја нашле гола во базенот. Кога ја забележале, слугинките повикале полиција.

Во првиот инцидент, актерот рано наутро го разбудила врева во книжарницата. Кога отишол да провери за што станува збор, пронашол 40-годишна жена како седи на фотелја.

Таа му признала дека само сакала да го запознае, по што актерот повикал полиција. Ниедна од двете провалнички не била уапсена, туку биле испратени на психичко следење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top