| четврток, 6 декември 2018 |

Антиисламистичките сили извршија нови напади врз ИД во Сирија

sirija
Воружените сили на САД и нивните арапски сојузници минатата ноќ извршија нови воздушни напади врз позиции на исламистичката група Исламска држава во источните делови на Сирија.

Втор ден по ред нападите беа насочени кон рафинериите за нафта во сириската провинција Деир ал Зур, што се под контрола на исламистите, соопшти Сирискиот центар за надзор на човековите права.

Покрај во Деир ал Зур, напади биле извршени и врз цели во реоните на градовите Мајдин и Рака.

Од почетокот на воздушните напади во Сирија во вторникот, според податоците на Центарот, биле убиени најмалку 140 муџахедини и 13 цивили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top