Воружените сили на САД и нивните арапски сојузници минатата ноќ извршија нови воздушни напади врз позиции на исламистичката група Исламска држава во источните делови на Сирија.
Втор ден по ред нападите беа насочени кон рафинериите за нафта во сириската провинција Деир ал Зур, што се под контрола на исламистите, соопшти Сирискиот центар за надзор на човековите права.
Покрај во Деир ал Зур, напади биле извршени и врз цели во реоните на градовите Мајдин и Рака.
Од почетокот на воздушните напади во Сирија во вторникот, според податоците на Центарот, биле убиени најмалку 140 муџахедини и 13 цивили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!