
Во Предлог-буџетот за 2015 година две милјарди денари ќе бидат наменети за рурален развој на општините – најави Ване Костадиновски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, за време на денешната посета на Свети Николе.
– Владата на Република Македонија и во наредниот период ќе продолжи со стимулирање на руралниот развој. За наредната година тој буџет ќе биде две милјарди денари. Се надевам дека сите општини ќе аплицираат со квалитетни проекти, кои ќе бидат значајни за животот на граѓаните – изјави Костадиновски.
Тој заедно со градоначалникот на Свети Николе, Зоран Тасев изврши увид во работите на патот до акумулацијата Мавровица, што се реализира со средства преку Програмата за рурален развој.
– Овој проект е во вредност од 11 милиони денари. Патот треба да им овозможи на сите што гравитират кон овој регион да може да го посетуват и да уживаат во убавините на излетничкото место Мавровица и во археолошкиот локалитет Била Зора – вели Костадиновски, кој нагласи дека по извршениот увид утврдил дека работите со изградбата на патот се одвиваат според планираното и за кратко време овој проект целосно ќе биде завршен.
Од средствата добиени од Владата преку оваа програма, општина Свети Николе има добиено повеќе проекти, во вкупна вредност од 29 милиони денари. Освен патот до Мавровица, преку другите мерки од Програмата за рурален развој се изградени игралишта во шест села од ова општина и изградена е канализација во село Горубинци.
– Ова е уште еден доказ како успешно функционира спрегата Влада на Република Македонија со Локалната самоуправа, уште една потврда дека се прават напори да се подобри живеењето во сите домени посебно во руралните средини, кои со години беа запоставени. Јас сум среќен што ова е завршната фаза на проектите за кои Владата ни ги даде средствата. Се надевам дека нашите успешни апликации ќе се повторат – изјави Зоран Тасев, градоначалник на Свети Николе.
По вчерашната посета во Малешевскиот крај, заменик-министерот Костадиновски денеска се сретна и со сточарите од Свети Николе. Со нив разговараше за болеста син јазик и штетите кои таа ги предизвика.
– Ние на наредната Владина седница ќе разговараме за штетите што ги направи оваа болест и ќе бидат донесени сет мерки за помош на сточарите – изјави по средбата Костадиновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Туристите збунети, Грците се изгубија во преводот на таблите (Фото)
-
Нови студиски програми на англиски јазик на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид (видео)
-
Размислете за Италија, Владата подарува вили и замоци


