| четврток, 6 декември 2018 |

Закана за обезглавување на двајца Германци на Филипините

Mилитантнaта муслиманска група Абу Сајаф, која дејствува на југот на Филипините се закани со обезглавување на двајца Германци кои се киднапирани од страна на групата.

Protest in Baghdad

За животот на Германците оваа група бара до 10 октомври да им бидат исплатени 250 милиони пезоси (околу шест милиони долари).

Абу Сајаф се закани дека ќе ги обезглави овие двајца, но и други Германци, ако Германија ги поддржува воздушните напади на САД врз упориштата на Исламската држава во Сирија и во Ирак.

На снимка објавена на веб-сајтот „Ворлд анализес“’ во придружба на вооружени и маскирани припадници на Абу Сајаф се прикажни германските државјани Штефан Виктор Оконек (71) и Херике Дајсен (55), кои беа киднапирани во април годинава кога со јахта пловеле во близина на островот Палаван. Тие тргнале од малезиската провинција Сабах, а празната јахта ја пронашле рибари од Филипините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top