| четврток, 6 декември 2018 |

Аудиосведоштво на човекот кој избегал од центарот на пеколот

sirija

Некогашниот член на Исламската држава кој успеал пред две недели да побегне од седиштето на џихадистите, градот Рака, своите искуства и стравови ги открива за британската „Би-Би-Си“ во аудиоформат. Во разговорот тој објаснува како се променил животот во градот по преземањето од исламските радикали. За фотографирање или разговор со новинар муџахедините немаат милост, веднаш му се суди. За неплаќање данок се оди во затвор, а ако не носите венчален лист со себе, повторно ќе завршите зад решетки, а сопругата на продажба додека не се појави некој со доказ дека му е жена.

Ова и уште многу други сведоштва слушнете од човекот кој избегал од центарот на пеколот и кој градот Рака, поради црните мантили, го нарекува „црна дупка на светот“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top