
Некогашниот член на Исламската држава кој успеал пред две недели да побегне од седиштето на џихадистите, градот Рака, своите искуства и стравови ги открива за британската „Би-Би-Си“ во аудиоформат. Во разговорот тој објаснува како се променил животот во градот по преземањето од исламските радикали. За фотографирање или разговор со новинар муџахедините немаат милост, веднаш му се суди. За неплаќање данок се оди во затвор, а ако не носите венчален лист со себе, повторно ќе завршите зад решетки, а сопругата на продажба додека не се појави некој со доказ дека му е жена.
Ова и уште многу други сведоштва слушнете од човекот кој избегал од центарот на пеколот и кој градот Рака, поради црните мантили, го нарекува „црна дупка на светот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!


