Линкот на македонската мисија во Обединетите нации на службената страница на ООН е хакиран, пишува Вест.
На службената страница на ООН наместо податоци за Македонија, се појавуваат содржини на јапонски јазик. Неофицијално, извори од МНР велат дека подолго време страницата на македонската мисија во ООН никој не ја ажурира.
Од МНР изјавија дека преку македонската мисија во Њујорк ќе реагираат до ОН да се тргне од линкот содржината на јапонски јазик.
„Страницата, по се изгледа, е хакирана. Ќе интервенираме да се тргне и да се врати старата страница”, изјавија за Вест од Министерството за надворешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


