| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија хакирана во ООН (фото)

Линкот на македонската мисија во Обединетите нации на службената страница на ООН е хакиран, пишува Вест.

На службената страница на ООН на­мес­то податоци за Македонија, се појавуваат содржини на јапонски јазик. Не­о­фи­ци­јал­но, извори од МНР велат дека подолго време страницата на македонската мисија во ООН никој не ја ажурира.

Од МНР изјавија дека преку македонската мисија во Њујорк ќе реагираат до ОН да се тргне од линкот содржината на јапонски јазик.

„Стра­ни­ца­та, по се изгледа, е хакирана. Ќе интервенираме да се тргне и да се врати ста­ра­та страница”, изјавија за Вест од Министерството за надворешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top