Дваесетгодишната Шила Анијанго за британски „Дејли меил“ изјавила дека одлуката да се омажи за него била најлошата што ја донела во нејзиниот живот. Таа во моментот се крие кај нејзината мајка, и вели дека тој постојано ја тепа.
– Тој ја злоупотребува мојата ќерка. Тој е лош старец. Направи таен план да ја киднапира мојата малолетна ќерка и ѝ плати 24 фунти за да се омажи за него. Беше млада и збунета – тврди мајката на Шила.
Триесет и тригодишната Хафса Баванда, која, исто така, се омажила за братот на Обама додека била тинејџерка, го напуштила во 2008 година. Таа тврди дека тој ги тепал и другите споруги, а ги имал 12.
– Тој е лош човек, не сакам никогаш да го видам веќе – рекла Хафса.
Песедет и петгодишниот Кениец Рој Абонго Малик Обама се кандидираше за гувернер на округот Сиаја. Во 41-милионската земја вчера имаше избори за претседател, членови на парламентот, сенатори, гувернери и регионални собранија. Ако победи братот на Обама, ќе заработува годишно околу 115 илјади евра, плата за која просечен Кениец му се потребни 66 години за да ја заработи. Покрај тоа, како привилегии му следуваат пензија од 87 илјади евра, автомобил, шофер, патувања и доживотен телохранител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Нему пејачот му бил пример: Ова е братот на Дарко со кој ја делат истата стравична судбина!
-
Зелените партии со најголеми изборни победи во Западна Европа викендов
-
Заев: Вистинската опција за уставните измени е Собранието, а не нови избори


