| четврток, 6 декември 2018 |

Норвежани за 24 часа посетија 19 држави, меѓу кои и Македонија

рекорд 2

Тројца пријатели од Норвешка поставија нов светски рекорд за посета на најмногу држави во еден ден. Гунар Гарфорс, Тај-јанг Пак и Овинд Дјупвик посетија 19 земји за 24 часа, за разлика од претходниот рекорд поставен за 17 земји.

Патувањето започнало во Грција на 22 септември на полноќ, а потоа продолжило низ Бугарија, Македонија, Косово, Србија, Хрватска, Босна, Словенија, Австрија, Унгарија, Словачка, Чешка, Германија, Холандија, Белгија, Луксембург, Франција, Швајцарија и завршило во Лихтенштајн, токму за период од 24 часа.

– Сега ќе славиме цел ден, ова беше фантастично патување. Го срушивме стариот рекорд со две земји повеќе и многу сме среќни што успеавме да направиме нов рекорд. Дури имавме и малку слободно време, но временските услови беа многу лоши за да продолжиме кон нашата дваесетта земја, Италија – изјави Гарфорс за Huffington Post.

rekord

За да го постигнат новиот рекорд момците патувале со изнајмени автомобили и два авионски лета од Скопје до Белград и од Виена до Дизелдорф. Тие своето искуство го споделувале и на социјалните медиуми користејќи ја хаштаг ознаката #recordrun.

Ова не е  нивни прв обид, претходно се обидоа истото да го направат во мај, но само успеаја да го направат претходниот рекорд што го држеа четворица пријатели кои патуваа низ 17 земји за 24 часа во 2012 година.

– Сè помина одлично, и покрај лошото време во Швајцарија и проблеми со изнајмување автомобил во Грција пред почетокот на патувањето. Иако би требало да сме уморни од патувањето, поставувањето нов светски рекорд е како да сме добиле лото добивка и се мислиме дали да продолжиме да патуваме уште 24 часа – се шегува Гарфорс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top