| четврток, 6 декември 2018 |

Ибрахимовиќ ќе отсуствува на вечерашниот меч против Каен

Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ, кој е член на францускиот ПСЖ, ќе го пропушти натпреварот од францускиот шампионат во рамките од седмото коло против Каен.
Ибрахимовиќ се пожалил на болки во петицата и по извршените лекарски прегледи констатирана е повреда на левото стапало.
Тренерот на „светците“, Лорен Блан, изјави дека ќе разговара со Ибрахимовиќ и ќе му предложи да остане на клупата и што побрзо да ја санира незгодната повреда.

– Тој е еден од најголемите играчи кои секогаш сакаат да бидат на теренот и да останат во игра до последната минута. Тој е наш лидер на тимот, што е нормално. Има 33 години и мора да почне да се штеди бидејќи има премногу натпревари оваа година пред него – изјави Блан.

Во претходните шест кола ПСЖ оствари само две победи, но ниту еднаш не загуби и се наоѓа на петтото место.
Натпреварот против Каен се игра на гостински терен вечерва со почеток во 21 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top