| четврток, 6 декември 2018 |

Ова се најзафрлените населби во светот

гренланд

На светот постојат многу луѓе на кои им се потребни и по неколку денови за да дојдат до најблиската цивилизација. Тие живеат во некои од најзафрлените места во светот. Следуваат некои од нив:

Илокортормиут, Геренланд

Гренлад поради негостољубивата клима и онака е оддалечен од цивилизацијата. Сепак на него постојат места, кои навистина се отсечени од светот. Едно од нив е Илокортомиут, село кое има 45 жители, една продавница и мал музеј на историјата.

Лонгјир, Свалбард

Овој град е основан во далечната 1906 година на далечниот арктички остров Свалбард, кој и припаѓа на Норвешка. Лонгјир е главен град на територијата, која ја населуваат се на се 300 лица. Интересно е што во текот на целата 2013 година полицијата морала да интервенира се на се десет пати.

Ејдак, Аљаска

Ова е најзападната територија на САД сместена поблиску до Русија, отколку до остатокот на САД. На последниот попис на населението регистрирани се 326 жители. По Втората светска војна тука е изградено поморско пристаниште, кога сега е затворено.

Адамстаун, Островите Питкерн

Овој остров е официјално територија на Велика Британија, а го населуваат педесетина жители. Тука нема хотели, аеродроми и други атракции, но барем имаат сателитска телевизија и еден паб.

Ханга Роа, Велигденски Острови

Со нешто повеќе од три илјади жители, гратчето Ханга Роа е место на кое живеат повеќе од 90 отсто од популацијата на целиот Остров. Иако официјално е дел од Чиле, овој остров е оддалечен 3.700 километри од главниот град Сантијаго.

Супаи, Аризона

Ова село се наоѓа во долината Хавасу и некогаш беше дом на истоименото индијанско племе. Доаѓањето во селото е отежнато, бидејќи во овој дел од Аризона нема автопати. За доаѓање е потребен хеликоптер или прошетка од 13 километри по патеки со камења, преполни со змии и шкорпии. Дури и писмата во ова село се уште се носат со магариња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top