| четврток, 6 декември 2018 |

Највозбудливите осум места на Земјата што треба да се видат

6(753)

Сте нуркале ли во кристално чистите води на Големата сина дупка? Дали сте одморале во минералните базени на Памуккале? Што ќе кажете за искачување на планина во Кина или Јужна Америка? Или пак за романтична прошетка низ тунелот на љубовта во Украина? Светот никогаш нема да престане да нѐ восхитува, макар само пред екранот на компјутерот.

Погледнете осум од највозбудливите места на Земјата, на кои сите ние би сакале да одиме:

Огледало пустина

1(1104)

Не, ова не е фотошоп! Ова е уникатното место кое се вика Салар де Ујуни и се наоѓа во Боливија. Тоа е најголемата солена пустина во светот и дефинитивно посакувана дестинација за многумина. Кога врне, таа се претвора во најголемото огледало, кое некогаш постоело. Водата на површината никогаш не достигнува длабочина повеќе од 15 см, така што секој кој стапнал на неа, останува со уникатното чувство на одење по површината на огледалото.

Големата сина дупка

2(1140)

Големата сина дупка е голема подводна дупка во близина на брегот на Белизе. Според истражувањата, таа е најголемата од ваков вид во светот. Од воздух ова чудо на природата изгледа прилично мистериозно, а неговите скриени длабочини привлекуваат нуркачи од целиот свет.

Планината Рорајма

3(1086)

Гледајќи ја оваа фотографија, можеби си мислите дека крајот на светот навистина постои. Но, тоа е само уште еден чуден свет на врвот на Рорајма која се наоѓа во Јужна Америка. Оваа мистериозна планина обично е обвиткана во убави облаци, поради што локалните жители ја нарекуваат Домот на самото небо.

Езерото Хилиер

4(1008)

Езерото Хилиер се наоѓа токму на работ на најголемиот остров Решерш во Австралија. Научниците сѐ уште не се сигурни зашто водите на ова езеро се розови. Сигурно е дека, сепак, можете да пливате во него. Освен тоа, ова е солено езеро, кое изгледа нема негативно влијание врз луѓето или локалната фауна.

Топлите извори на Памуккале

5(895)

Памуккале на турски значи значи „замок од памук“ или „памучна тврдина“. И тоа идеално ја опишува неверојатната природна знаменитост со снежно бели сталактити, топли извори и травертин и тераси, создадени од карбонатни минерали. Месноста е позната како осмото чудо во светот. За да се зачуваат травертините бели, Турците забранија да се оди по нив, но на некои можете да газите боси. Тоа е едно од местата кои задолжително мора да се видат во животот, но побрзајте, најверојатно тоа наскоро ќе исчезне.

Скриена плажа

6(753)

Ова е рајот на земјата, сокриен во дупка. Тој се наоѓа на островите Мариета и е наречен Скриената плажа или Плажата де Амор (Плажата на љубовта). Ова волшебно место е сокриено далеку од очите на останатиот свет во текот на многу години, сѐ додека неговите фотографии не го преплавија интернет. Потоа стана најпопуларната плажа во Мексико.

Островот Сокотра

7(667)

Во никој случај на листата од најпосакувани дестинации не треба да го пропуштите островот Сокотра во Јемен. Тој е светол пример за еден непознат свет, островот изгледа како да е населен со вселенски суштества. Не очекувајте тука да ги најдете стандардните за земјата флора и фауна. Сокотра е дом на над 200 различни видови, кои не се среќаваат никаде на друго место. Ова е дефинитивно еден егзотичен рај со многу добро сочувани богатства, на кои да им се восхитуваме.

Тунелот на љубовта

8(553)

Украинскиот град Клевнан, одеднаш стекна светска слава благодарение на неверојатниот тунел од дрвја, кои ги опкружуваат шините за воз на населено место. Овој тунел е формирана во текот на многу години, а заслуга за денешниот изглед имаат и возовите. Денес запуштената линија е романтично место за попладневни прошетки. Тунелот на љубовта привлекува туристи од целиот свет. Се смета дека ако двајца луѓе се лудо вљубени еден во друг и го преминат тунелот рака под рака, нивните желби ќе се исполнат. Секој кој ќе го посети ова место, вели дека ова е едно од најубавите и најромантичните места во светот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top