Многу Американци не разбираат дека во украинската криза “Путин ги брани клучните геополитички интереси на Русија”, изјави Холивудскиот режисер Оливер Стоун пред рускиот весник “Росијскаја газета”.
Така носителот на три “оскари”, го бранеше рускиот претседател Владимир Путин за тоа дека “не го испуштил Крим”, пренесе Франс прес.
НАТО ја заведе “Украина за да ја лиши Русија од флотата на пристанишето во Севастопол “, изјави уште режисерот и додаде дека “Москва не можеше да го прифати тоа”.
-Разбирам зошто Путин не можел да се откаже од Крим – додал Стоун.
Според него кризата во Украина е резултат на стратегијата на НАТО, која се обидува да се приближи кон руските граници и покрај дадените од Вашингтон уверување на советскиот лидер Михаил Горбачов токму пред распадот на СССР кон крајот на 1991 година.
Верувам дека Владимир Путин одиграл многу важна улога за Русија, вели уште Оливер Стоун.
– Сметам дека Путин има важна улога за преминувањето на” гангстерската економија “, противењето на политиката на Јелцин, изградба на нов државен поредок и нов авторитаризам во Русија. Мислам дека тој на Русите им го варти чувство на сигурност, конзистентност и гордост. Во 90-тите години економијата на Русија се намали до големината на економијата на Холандија, што е многу малку за таква голема земја. Извлекувањето на државата од рацете на бандити беше многу важен чекор за Русија. Во таа смисла се восхитувам на Путин како на силен човек – изјави Стоун во руското издание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



