| четврток, 6 декември 2018 |

Ивановиќ: Лампард е легенда на Челси

Во неделата беше одиграно големото дерби меѓу Челси и Манчестер Сити, а натпреварот го обележа голот на легендата на „сините“, а сега фудбалер на „граѓаните“ Френк Лампард. По натпреварот на Лампард прв му честиташе српскиот репрезентативец Бранислав Ивановиќ.

За тимот од Лондон ова беа првите изгубени бодови во сезоната, а Ивановоќ изјави дека нема за што да му прости на Лампард.

– Тоа е фудбалот. Немаме за што да му простиме на Френк. Мечот заврши со 1-1, ние мораме да се погледнеме себе, нашата игра. Наша цел е да победиме. Не размислувам за тоа како Лампард даде гол. Ние можевме подобро да реагираме во таа ситуација. Му честитавме по натпреварот. Тој е легенда, направи многу добри работи за Челси. Секој кој работел со Френк знае дека тој е голем професионалец и што даде за нашиот тим. Игравме против шампионот, тоа е добар тим дури и со 10 играчи. Но, се уште сме први на табелата, сезоната е долга и мораме да продолжиме по тој пат – изјави Ивановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top