| четврток, 6 декември 2018 |

Сами Кедира од јануари во Арсенал

Германскиот фудбалер на Реал Мадрид, Сами Кедира од јануари 2015 година ќе се пресели во редовите на лондонски Арсенал.

Според англиските медиуми, во претстојниот зимски преоден рок, Германецот Кедира, кој и во текот на летниот преоден рок беше цел на Арсенал, дефинитивно во јануари 2015 година ќе ги засили редовите на „топџиите“.

Неофицијално, трансферот на Кедира од Реал во Арсенал ќе го чини англискиот клуб 14 милиони евра.

Раководството на Реал се согласи да го реализира овој трансфер имајќи предвид дека на Германецот следното лето му истекува договорот со „кралскиот тим“ во чии редови Кедира дојде во 2010 година од Штутгарт.

Кедира досега има одиграно 146 натпревари за Реал, на кои постигна 9 гола, тим со кој минатата сезона триумфираше во Лигата на шампиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top