| четврток, 6 декември 2018 |

Катарина, Лешоски, Пере, Трајановски – „за“ возењето велосипед (ФОТО)

По Скопскиот маратон, топ-моделот Катарина Ивановска, заедно со поетот Дарко Лешоски, денеска учествуваше и на големото дефиле на велосипеди што се возеше по градските улици, по повод Денот без автомобили.

MER_6172 MER_6197 MER_6229 DSC_8676 DSC_8737 DSC_8714 DSC_8709 DSC_8703 DSC_8676 (1) MER_6149

Велосипедистите што учествуваа на дефилето возеа по рута долга 8,2 километри, од Порта Македонија, преку улица Димитрие Чуповски, булевар ВМРО, булевар Партизански одреди, улица Никола Парапунов, булевар Илинден, до Школка, Градски парк.

На просторот пред Школката се организира забавна манифестација со уличен сервис за велосипеди, совети, безбедно возење, тетовирање на велосипеди и извлекување среќни добитници на велосипеди.

Дефилето на велосипеди го предводеше градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top