По Скопскиот маратон, топ-моделот Катарина Ивановска, заедно со поетот Дарко Лешоски, денеска учествуваше и на големото дефиле на велосипеди што се возеше по градските улици, по повод Денот без автомобили.

Велосипедистите што учествуваа на дефилето возеа по рута долга 8,2 километри, од Порта Македонија, преку улица Димитрие Чуповски, булевар ВМРО, булевар Партизански одреди, улица Никола Парапунов, булевар Илинден, до Школка, Градски парк.
На просторот пред Школката се организира забавна манифестација со уличен сервис за велосипеди, совети, безбедно возење, тетовирање на велосипеди и извлекување среќни добитници на велосипеди.
Дефилето на велосипеди го предводеше градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


