| четврток, 6 декември 2018 |

Ден без автомобили во Скопје

koce

Градот Скопје е организатор на големото дефиле на велосипеди што ќе се вози денеска по градските улици, по повод „Денот без автомобили“, Стартот е закажан во 11:30 часот од пред Порта Македонија.

На просторот пред Школката се организира забавна манифестација со уличен сервис за велосипеди, совети, безбедно возење, тетовирање на велосипеди и извлекување на среќни добитници на велосипеди. Дефилето на велосипеди ќе го предводи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Велосипедистите ќе се движат по следната рута: од Порта Македонија, па потоа по улиците „Димитрие Чуповски“, па булевар „ВМРО“ и „Партизански одреди“, улица „Никола Парапунов“, булевар „Илинден“ и на крај турата завршува кај „Школка“, во Градски парк. Рутата е долга 8,2 километри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top