Градот Скопје е организатор на големото дефиле на велосипеди што ќе се вози денеска по градските улици, по повод „Денот без автомобили“, Стартот е закажан во 11:30 часот од пред Порта Македонија.
На просторот пред Школката се организира забавна манифестација со уличен сервис за велосипеди, совети, безбедно возење, тетовирање на велосипеди и извлекување на среќни добитници на велосипеди. Дефилето на велосипеди ќе го предводи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Велосипедистите ќе се движат по следната рута: од Порта Македонија, па потоа по улиците „Димитрие Чуповски“, па булевар „ВМРО“ и „Партизански одреди“, улица „Никола Парапунов“, булевар „Илинден“ и на крај турата завршува кај „Школка“, во Градски парк. Рутата е долга 8,2 километри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов ќе го продава Мерцедесот – бил стар и небезбеден
-
Шилегов чека слика до Коце за на ѕид, Трајановски вели дека во градот има сто фотографии од него
-
Коневски: Победа за Коце Трајановски и листата – за да ги реализираме сите проекти за подобри услови во Аеродром
-
Трајановски и Мисајловски на средба со граѓаните и пазарџиите на пазарот во Ѓорче Петров (ФОТО ГАЛЕРИЈА)