| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид ќе го намалува долгот со промена на името на стадионот!

Најдобриот европски клуб со десет освоени титули во Лигата на шампионите шпанскиот клуб Реал Мадрид е пред потпишување на договор со важност од 20 години за промена на името на стадионот Сантијаго Бернабеу. Откако беше обелоденето дека долгот на „кралскиот клуб“ изнесува вртоглави 600 милиони евра, претседателот на клубот Флорентино Перез заедно со управата на клубот се пред потпишување на договор со најголемата нафтена компанија од Абу Даби за промена на името. Со овој потег Реал Мадрид треба да инкасира 500 милиони евра односно по 25 секоја година.
Дел од парите треба да се искористат за одржување на стадионот, а остатокот за намалување на долгот.
Најголемиот стадион во Мадрид го носи името на легендата на клубот, па сега се очекува реакицјата на навивачите на „кралевите“ во врска со ова прашање бидејќи името на Сантијаго Бернабеу со овој договор би отишло во историјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top